17 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Пратениците едногласно го донесоа законот за минимална плата 

Законот за зголемување на минималецот конечно помина во Собрание. 95 пратениции гласаа „за“, без ниту еден против и воздржан.

Иако веќе беше извесно дека законот ќе биде изгласан и од власта и од опозицијата, сепак три дена од собраниската говорница се разменуваа критики и сугестии како да се зголемат и останатите плати. Од власта велат дека ќе се решава и овој проблем. Опозицијата обвинува за декларативни заложби.

Со овој закон, минималната плата од 15.200 се зголемува на 18.000 денари. Ќе опфати околу 80.000 работници кои новиот минималец ќе го земат веќе в април.

Повисокиот минималец беше заложба на синдикатите кои иницираа повеќе состаноци со работодавачите и економскиот сектор од Владата по што беше постигнат договор на 7 февруари.

Се направија измени и во методологијата за годишно усогласување, со кое минималната плата не смее да биде биде понизок од 57% од просечната плата. Минималецот ќе биде субвенциониран од државата со 16 милиони евра за покривање на разликаат во придонесите.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles