20 C
Struga
Sunday, August 14, 2022
spot_img

Православните христијани денеска го слават Богојавление-Водици

Православните христијани денеска го слават празникот Богојавление-Водици. По минатогодишниот привремен прекин поради пандемијата со ковид-19, годинава продолжува традицијата на положување на крстот во осветените води, а бројот на луѓе кои ќе може да влезат во водите ќе биде ограничен.

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на крстот во водите. Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода”, кај хотелот „Холидеј ин”.

Одбележувањето на празникот ќе започне со празнична литургија во храмот Пресвета Богородица од 9 часот. По завршување на литургијата, околу 11 часот ќе има поворка од храмот до мостот „Слобода” и тука откако претходно ќе се изврши водосветот односно самиот чин на осветување на водите, крстот ќе биде спуштен во реката Вардар.

Од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ги замолуваат верниците кои сакаат да учествуваат во празничните богослужби, како и на оваа манифестација, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита од корона вирусот.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles