3.9 C
Struga
Tuesday, March 5, 2024
spot_img

Почина 17-годишната девојка која завчера беше удрена од возач кој избегал и не и пружил помош

17-годишна девојка прексиноќа почина од тешките повреди кои ги добила откако била удрена со автомобил на булеварот Борис Трајковски кај Пинтија. По несреќата возачот побегнал, но полицијата веќе приведе двајца браќа како се осомничени.

Несреќата се случила на 30-ти август во 22:30 часот. Возач со автомобил алфа ромео ја удрил и избегал од местото на настанот. Несреќата била пријавена веднаш и девојката била префрлена во болница, во Ургентниот центар на скопските клиники.

Според информации на Телма, поради сериозноста на повредите, девојката веднаш била однесена на операција, а хирурзите се обиделе да и го спасат животот, но не успеале.

Полицијата го нашла возилото на кое имало и траги од ударот. Но никој од тие што го користеле возилото не сакал да каже кој бил возачот што го удрил 17-годишното девојче. Станува збор за тројца од исто семејство.

По првичниот распит, најстариот осомничен, таткото е ослободен, а задржани се двајцата негови синови, браќа на возраст од 30 и 25 години.  Истрагата е во тек.

Извадок од вчерашниот билтен:

На 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles