19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Почина македонскиот композитор Александар Џамбазов

На 85-годишна возраст почина Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор. Веста за смртта ја објави неговиот син, актерот Игор Џамбазов, кој напиша:

„Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години. Од денес, конечно со својата Анче. Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“, напиша Игор Џамбазов на Инстаграм.

Александар Џамбазов е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Добитник е на голем број стручни награди.

Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ и на фестивалот на забавни мелодии „ Скопје“. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии кои беа неодминлив дел од македонските и од фестивалите во поранешна Југославија.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles