19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

 Пониски цени на основните производи

Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Одлуките од денеска стапуваат во сила, а практичната реализација по однос на цената на гориватапочнува од утре, додека за прехранбените производи тоа ќе биде во наредните денови.

“Стапката на ДДВ за основните производи за човечка исхрана е намалена од 5 на 0 проценти до крајот на мај. За да има позначаен ефект оваа мерка ќе се спроведува со паралелна наредба на замрзнување на маржите за некои производи.

Повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата се продолжува до крајот на 2022 година.

Стапката на ДДВ при промет на енергенсите се намалува од 18 на 10 проценти.

Се намалува акцизата на бензинот за 1 денар, дизелот за 2 денари и екстра лесното за 4 денари”, посочи министерот за финансии.

Тој ги повика граѓаните и стопанствениците да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles