5.3 C
Struga
Wednesday, February 21, 2024
spot_img

Позитивни тестови повеќе кај помладите, а симптомите се слични како и порано – вакцинацијата клучна за полесен тек на болеста

Додека докторите стравуваат дека неофицијалните бројки на новозаразени се уште пострашни од тоа што изгледаат во дневниот Ковид-билтен, огромен пораст на бројките веќе се бележи и во официјалните статистики. Од 10 до 16 јануари регистрирани се 11 илјади нови позитивни случаи од 35 градови и тоа е зголемување за речиси 34%, споредено со претходната недела. Во таа бројка на потврдени заразени се и 1247 реинфицирани граѓани. За истата оваа категорија во претходниот извештај од Институтот известиле за потврдени 946 реинфекции, па така, во поновиот извештај бројките скокнале за 31% повеќе. Во втората недела од јануари починале 55 пациенти и тоа во 15 градови. Со тоа, овие црни бројки се за 34 проценти поголеми отколку во недела од 3 до 9 јануари. Многу важно сознание за епидемиолозите во најновиот извештај на ИЈЗ е тоа што веќе се добива некаква слика за тоа која варијанта доминира и најмногу се шири во земјава. Секвенционирани се 96 примероци од позитивни пациенти, и кај 57 од нив е откриено дека станува збор за Омикрон, што изнесува 60%. Напливот на многу нови пациенти повторно го стави на готовс целиот здравствен систем.

„Би рекол дека е мешан склопот на пациенти со тоа што позитивни тестови повеќе добиваат помладите. Тие коишто се повозрасни и што имаат останати други болести односно коморбидитети секако дека имаат и потешка слика. Поголемиот дел од нив се и вакцинирани така што тоа ги штити од потешка форма на болеста. Во секој случај бројот е многу помал во однос на тоа што беше случај во периодот пред летото или минатата година. Но, последнава недела веќе е зголемен бројот и на повици и на интервенции каде што одиме да направиме прегледи во домашни услови и одредуваме дали пациентот е за хоспитализација или не е“ – вели Д-р. Ѓорѓи Карамановски – Специјалист по општа мединица во Итната медицинска помош.

Со оглед на тоа што првичните студии насекаде низ Европа и светот покажуваат дека за Омикрон нема граници – дека варијантата има способност да го заобиколи имунитетот, да се шири молскавично брзо и да заразува многу луѓе, воведени беа мерки и ограничувања речиси насекаде. Македонија остана без ниту едно ограничување и само со бројни препораки за заштита. Разликата во овој и претходните бранови на зараза е што голем процент од населението има некаков имунитет или со вакцинација или со прележување на болеста, па и тоа има удел во клиничката слика.

„Симптомите се слични на тоа што беа и порано, а разликата е повеќе во тоа што многу луѓе добиваат позитивни тестови и ги фаќа малку паника и врз база на таа паника се јавуваат во Брза помош за да прашаат што и како да прават“ – додава д-р. Карамановски.

Сепак, наглиот пораст на заразени неизбежно носи и хоспитализации заради тоа што многу од луѓето останаа и невакцинирани или имаат бројни други болести.

Останува непознато дали Комисијата за заразни болести ќе се премисли и сепак ќе препорача некакви мерки барем додека да спласне бранот на зараза и наглиот пораст на бројките. Завчера Владата одлучи да го одложи почетокот на второто полугодие за 1 февруари, со надеж дека дотогаш ќе се стабилизира состојбата. Вчера пак, Македонија забележа рекорд од 2269 позитивни за едно деноноќие.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles