15.5 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Позитивни речиси 38 отсто од тестираните

Нови 2341 случај на коронавирусот се регстрирани во претходното деноноќие што е речиси 38 отсто од вкупно тестираните 6.193 лица. Во моментов активни се 20.856 случаи на КОВИД-19, најмногу во Скопје – 11.390, потоа во Битола – 1613 и Прилеп – 754. Најмал број активни случаи се забележани во Дебар – 22 и Дојран – 14.

Од Министерството за здравство во изјава за МИА информираа дека на инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со КОВИД-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември“ и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles