10 C
Struga
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар. Цената на бензините останува иста, одлучи попладнево Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука, малопродажната цена на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81,5 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа новата цена ќе биде 56,130 ден/кг.

Со оваа најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 проценти.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles