17 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Повик за акредитирање на медиуми Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони 11 септември 2023 година, Скопје

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со претседателите на Република Словенија Наташа Пирц-Мусар и на Република Хрватска Зоран Милановиќ ќе биде домаќин на состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи на 11 септември 2023 година во хотелот „DoubleTree by Hilton“ – Скопје.

Претставниците на медиумите, кои се заинтересирани да го проследат настанот, е потребно да се акредитираат со пополнување на формуларот кој можат да го преземат на следниот линк.

Претставниците на медиумите треба да го испратат пополнетиот формулар најдоцна до 23:59 ч, на 31 август 2023 година на s.jovanovska@president.mk

Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Северна Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави.

Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска и претставува најпрестижна регионална инцијатива која дава политички резултати и поттикнува политички дијалог меѓу земјите од регионот со отворени прашања. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

Контакт лица:

За информации поврзани со Самитот:
Билјана Радева, 076 45 55 45
biljana.radeva@presidentoffice.mk

За акредитација на медиуми:
Снежана Стојанова 070 35 97 88
s.jovanovska@president.mk

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles