4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Пик на новиот бран на коронавирусот

Од почетокот на новата година во државава се зголемува бројот на новозараени со КОВИД-19, а во последните денови се пријавуваат и по над илјада новозаразени. Активни се 16397 случаи. Во ваква епидемиолошка состојба Владата синоќа по препорака од Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата одлучи второто полугодите од учебната година да продолжи од 1 февруари.Според заклучокот на Главниот кризен координативен штаб, во моментот епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради што препорача да се одложи учебната година до 1 февруари со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.Од Владата најавија дека Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles