24 C
Struga
Monday, May 23, 2022
spot_img

Петков формира четири работни групи за соработка со Македонија

Неколку дена по посетата на Скопје, бугарскиот премиер Кирил Петков издал наредба за формирање на четири меѓуресорски работни групи за соработка со Северна Македонија, јавуваат бугарските медиуми.

Копретседавачите на секоја од работните групи ќе треба ротирачки да претседаваат со состаноците на соодветната група според нивната надлежност, во согласност со темите на дневниот ред.

Првата група опфаќа две области – економија, трговија и иновации.

Втората ќе работи во полето на инфраструктура, транспорт и поврзување.

Третата, меѓуресорската работна група е за европската соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото, со која копретседаваат министерот за животна средина и води Борислав Сандов.

Четвртата меѓуресорска група е од областа на културата, науката и образованието и младите.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles