18 C
Struga
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Пендаровски: Неопходен е државен консензус за уставните измени

Не треба да се брза и мора да има национален консензус во Собрание за да не се отвораат нови рани на македонската нација- вели претседателот Стево Пендаровски за уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ. 

На настанот по повод извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија, тој кажа дека се можни нови провокации или неевропски барања од Бугарија кои задираат во идентитетот, но упати порака до политичарите во земјава да соработуваат да не се дозволи тоа.

-За продолжување на преговорите ќе биде неопходен државен консензус и за уставните измени, кој ќе треба да го направиме повторно во име на европската иднина. Меѓутоа, во тој потфат треба да влеземе плански и без брзање, а, тој процес да се одвива онолку време колку што ќе биде потребно за да не отвораме нови рани во ткивото на македонската нација. Апелирам до сите политички чинители, како од власта, така и од опозицијата, конструктивно да се вклучат во процесот и да придонесат за негово непречено одвивање, -– Стево Пендаровски – претседател на Македонија.

На обединување меѓу власта и опозицијата повика и премиерот Димитар Ковачевски. Дали и за колку време ќе се спроведат реформите во земјава вели дека зависи од сите парламентарни партии.

-Во оваа држава има два концепти и од друг аспект. Еден концепт на чие чело што сум јас којшто предлага реформски закони и мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вториот концепт е што ги блокира сите закони во Собранието. Ако можам да разберам еден дел од таа опозиција која што е цел ден на телефон со Русија, вториот дел не можам да го разберам,-– Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Иако Европската Комисија оцени дека надворешната политика има добар напредок, за Собранието констатираа дека е политички поларизирано. Шефот на дипломатијата Османи вели дека во владата се размислува за поблиска комуникација со опозицијата, но дали ќе се организираат лидерски средби или друг вид на координација се уште не се знае.

-За оваа тема мора да си дадеме рака и да ја поделиме и одговорноста, но и заслугата утре. Никој да не може да се пофали дека направил нешто за ЕУ затоа што тоа ќе биде поделена заслуга. Опозицијата го води комитетот во Собранието, Владата во Влада, – Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Во извештајот на Европската Комисија Македонија бележи умерен напредок по речиси сите критериуми, а според еврокомесарот Вархеји, најмногу напор треба да се вложи во борбата со корупцијата и реформата во јавната администрација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles