23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Пендаровски-Левиц: Македонија припаѓа на Европската унија

ЕУ не е надлежна да ги решава ниту да дискутира за тие историски прашања. 

ЕУ не е надлежна да решава историски прашања, таквите спорови треба да се стават на страна во процесот на пристапување кон Унијата, порача претседателот на Латвија, Егилс Левиц, од Скопје одговарајќи на прашање каква порака испраќа ЕУ толерирајќи една држава членка да промовира ликови соработници на фашизмот како Ванчо Михајлов и дали е тоа патот по кој треба да одат земјите-членки.

Левиц, кој е во официјална посета на земјава, на заедничката прес-конференција со претседателот Пендаровски, јасно посочи дека ваквите прашања немаат ништо со критериумите за започнување преговори на една земја со ЕУ, нагласувајќи дека Македонија заслужува да е дел од европското семејство

– ЕУ не е надлежна да ги решава ниту да дискутира за тие историски прашања. Надлежноста на ЕУ е предвидена со договорот за основање на ЕУ и таму нема да најдете ништо во однос на историските спорови. ние сме сите демократски држави, историските спорови треба да се стават на страна. Јас би кажал дека историските разлики не смеат да бидат причина да се оспори капацитетот на земја-кандидат да продолжи на патот на пристапување кон ЕУ. Тоа е нашата позиција и сметам дека е и позиција на ЕУ, изјави Левиц.

Претседателот Пендаровски и се заблагодари на Латвија за нејзината искрена поддршка за македонските евроинтеграции, потенцирајќи дека одлуките за проширување се во директна корелација со мирот и безбедноста во Европа.

– Она што за жал остана непроменето во меѓувреме e фактот дека ние сè уште чекаме на формалниот почеток на преговорите со Европската Унија. На оваа тема посветивме значаен дел од нашите разговори денес. Ви благодарам што Латвија е една од земјите членки на Унијата што одамна ја препозна нашата подготвеност, посветеност, па и пожртвуваност за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ. Во тој контекст, би сакал да ви се заблагодарам и за искреното залагање за динамизирање на политиката на проширување со сите земји од Западниот Балкан, изјави Пендаровски.

Двајцата претседатели на прес-конференцијата ја осудија и руската агресија врз Украина, изразувајќи надеж дека со заеднички напори на сојузниците повторно ќе се воспостави мир во Европа.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles