22 C
Struga
Saturday, August 13, 2022
spot_img

Пендаровски во среда ќе му го врачи мандатот на Ковачевски

Претседателот Стево Пендаровски во среда ќе му го врачи мандатот на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски за формирање на новата Влада. По ова, започнува рокот од 20 дена за состав на новиот кабинет. Во овој рок, мандатарот во Собранието треба да ги достави имињата на новата Влада и програмата. Откако Собранието ќе го добие предлогот, почнува рокот од 15 дена за закажување на седница. Програмата и новата Влада се очекува да бидат доставени до Собранието до 8 јануари, а седницата за гласање да биде закажана во втората половина на јануари. Во меѓувреме, претседателот на Алтернатива Африм Гаши во интервју за „КосоваПрес“ изјави дека неговата партија одлучила да стане дел од Владата затоа што не сакала да се коцка со евроинтеграциите. Според Гаши, неговата партија била клуч за решавање на политичката криза. Тој додаде дека со ДУИ ги обединува интересот на Албанците.

„Главно водевме преговори со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, но имав средби и со господинот Ахмети, што е друга албанска партија во Владата, со кого сакав ова вклучување во владата да не се гледа како внатрешна битка меѓу Албанците. Ние сме два субјекта кои се еден против друг, но има многу работи за Албанците кои имаат заеднички интерес. Така што мојот обид е да нема внатрешни битки и меѓусебно да се блокираме затоа што на крајот ќе оневозможиме меѓусебно функционирање и тоа оди на сметка на граѓанинот. Сакаме да им служиме на граѓаните, на Албанците и сакаме да имаме коректни односи со сите субјекти.“

Во меѓувреме, деновиве се очекува Димитар Ковачевски да ги објави имињата на кандидатите за потпретседатели на партијата и за Извршниот совет. За потпретседатели се шпекулираат имињата на пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска, Нина Фити и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов. Меѓу имињата се споменува и името на актуелниот заменик-претседател Фатмир Битиќи, а за генерален секретар Миле Зечевиќ. Веќе се шпекулира и за многу нови имиња во извршната власт. Нина Фити како министерка за труд и социјална политика, додека за истата позиција во игра е и Милан Живковиќ. Министерот за правда, Бојан Маричиќ, се шпекулира дека ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, наместо Никола Димитров. Сања Лукаревска, која во моментов е директорка на УЈП, се шпекулира дека ќе биде на вицепремиерка за борба против корупцијата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles