19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Пендаровски во официјална посета на Црна Гора: Имаме заеднички интерес за интеграција во ЕУ

Претседателот Пендаровски денеска на Цетиње со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Црна Гора, при што беше оценето дека се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања.

На средбата беше истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности, и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделуваат идентична надворешно-политичка цел – членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ разменија мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина, се наведува во соопштението на кабинетот на Пендаровски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles