26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Пакет антиктизни мерки за ублажување на ценовниот шок, се намалува акцизата и ДДВ- то за горивата 

За да се ублажи ценовниот шок од високата цена на нафтените деривати, Владата предлага намалување на акцизата на горивата и на ДДВ-то од 18 на десет проценти. Со оваа мерка се намалува делот што граѓаните го плаќаа со секој литар безнин а кој одеше во буџетот.
„Дизелот наместо 85,5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари, бензин наместо 91,5 денари би се намалил 11,5 денари и би изнесувал 80 денари. Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти на дизел, безоловен бензин , гасно масло, течен гас и метан“, изјави Димитар Ковачевски- Премир на РСМ.

Мерките се предлагаат по рекордното зголемување на цените на нафтените деривати за речиси 10,2 проценти. Но за да стапат на сила овие измени треба да добијат зелено светло од пратеницита во законодавниот дом. Државата ќе го пролонгира и воведувањето на еколошката такса со која се предвидуваше на секој литар гориво да се плаќа по 3,5 денари дополнително за животната средина. Ковачевски ги повика пратениците на одговорност предложените измени да ги изгласаат што побрзо.

Покрај интервенција во горивата, Владата нема да го зголеми ДДВ-то за електричната енергија и ќе остане 5 проценти до крајот на годинава, наместо во јуни да се качи на 10 порценти како што беше првично планирано. Исто така се укинува ДДВ-то на основните прехрамбени производи, а околу 35 илјади граѓани од најранливите категории ќе добиваат ваучер во следните три месеци од 1.000 денари за купување на производи.
Целиот пакет на мерки ќе тежи 400 милиони евра.

„Во однос на еврообврзницата веќе се прават сите подготовки како и претходната година да се согледат најповолниот период за да можеме евентуално да се задолжиме“, рече Фатмир Бесими- Министер за финансии.

Министерот за финансии вели дека буџетот е ликвиден, пари за дел од мерките се веќе обезбедени од државниот буџет и дека очекуваат мерките на крајот да произведат и економски бенефит за државата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles