21 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Осум лица приведени во Кавадарци, затекнати 28 лица без ковид-сертификат во угостителски објекти

Полициски службеници во содејство со претставници на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи вчера и денеска во раните утрински часови (12/13.02) извршија акциска контрола во угостителски објекти во Кавадарци.

Притоа еден угостителски објект е затворен, односно запечатен. При контролата затекнати се 28 лица без ковид-сертификати, како и осум лица кои работеле како обезбедување без да поседуваат лиценци за оваа дејност, по што тие се приведени.

Исто така, откриени се неправилности во работењето во доменот на надлежности на ДПИ и УЈП. За сите неправилности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles