20 C
Struga
Sunday, August 14, 2022
spot_img

Османи: Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно 

Шест наши граѓани тукушто ја поминаа границата на Украина и се наоѓаат на безбедно во Молдавија од каде продолжуваат кон Бугарија и потоа на пат кон земјава, објави попладневи министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

-Активностите продолжуваат, се прават сите напори за да бидат евакирани сите граѓани кои ќе побараат помош, пишува Османи.

Претходно МНР соопшти дека две семејства со наши државјани од Одеса, Украина веќе се дел од коридорот обезбеден преку координација со Владата на Република Бугарија и дека се очекува во текот на денот да пристигнат во Бугарија.

Покрај постојаниот контакт на МНР со властите на Романија и Унгарија, од каде исто така е остварена соработка и овозможена асистенција за нашите државјани кои се наоѓаат во Украина, од Министерството информираа дека контактираат и со властите во Молдавија, од каде имаме добиено потврда за вклучување на нашите државјани во евентуалните нивни коридори за евакуација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles