6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Османи: Целта е да станеме европска држава, потребна е ладна глава во преговорите со Бугарија


И по последната македонско – бугарска средба на експертско ниво во Софија позициите на двете страни остануваат различни, реферира шефот на македонската дипломатија Османи. Тој уверува македонската делегација на средбата не отстапила од црвените линии зацртани во Резолуцијата на македонското Собрание.

– Нашите државни позиции се јасни и нема измени во државните позиции. Најважното прашање за нас се идентитетските прашања во преговарачката рамка како европски решенија, за нив е прашањето на бугарската зедница во Република Северна Македонија и тоа го идентификува на некој начин патот по кој треба да се движи овој процес. Пакетот политички прашања ги опфаќа прашањата што се важни за нас, две се важни барања за нас, а тоа е прифаќање на преговарачката рамка, како што е предложено од страна Европската комисија, вели Османи.

За министерот барањето Бугарите да влезат во македонскиот Устав не е спорно. Реципроцитет, според него не е можен, бидејќи Македонија се обврзала да не се меша во внатрешните работи на Бугарија. Тој порача дека во овој сензитивн момент не смее да има емоции ниту да паѓа на провокации за да не се загрозат актуелните прегворите.

– Имам крајна цел, а таа крајна цел е оваа држава да стане европска држава, да ги нормализира односите со соседите, зачувувајќи тоа што е најважно за граѓаните. За тоа ми треба повеќе мудрост во делувањето отколку емоции. Оваа работа или ќе ја водите со глава или со срце. Со срце може ќе ви донесе некоја популарност во моментот, ќе задоволува некои наши фрустрации и емоции и незадоволства, но на крајот нема да не води таму кај што сакаме. Затоа мора оваа работа да биде со ладна глава и жешко срце, само така ќе може да го надминеме. Но, граѓаните може да бидат спокојни дека нема да дозволиме ништо што е суштински идентитетски за нив да се повреди, истакна Османи.

Следниот состанок на ниво на МНР ќе се одржи по 20 февруари во Скопје, откако двете делегации ќе добијат политички инструкции. За четири дена ќе се состанат и работните групи за образование и култура, како и за европски инетеграции, зелена агенда и дигитализација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles