19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Османи: Се отвора нова динамика во процесот меѓу Бугарија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи вечерва во емисијата „200“ средбата меѓу премиерите на Бугарија и Македонија ја оцени како пријателска, пишува Алсат.

Тој додаде дека двајцата премиери се нови и се гледаат првпат, но и покрај тоа постои надеж дека се отвора нова динамика во процесот.

„Она што излезе во јавноста беше одраз на атмосферата што беше внатре, сега да не заборавиме пред се дека овие актери, повеќето од нив се нови, двајцата премиери се гледаат првпат и е очекувано дека немаат багаж од минатото, но и министерот за надворешни работи на Бугарија, јас се среќавам за првпат и тоа секако наметнува создавање атмосфера на информирање и запознавање, пријателство, волја за напредок и продлабочување на односите. Мислам дека беше добра конструктивна средба, на која потсетувам дека се отвора нова динамика на процесот“, рече Бујар Османи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles