На послко- украинската граница Османи, Рау и Линде се сретнаа со Кулеба.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со неговите колеги од Полска, Збигњев Рау и од Шведска, Ан Линде, денеска на полско-украинската граница имаа средба со нивниот колега од Украина, Дмитро Кулеба.
Тие претходно го посетија и прифатниот центар за бегалци млини во близина на граничниот премин Корчова, на полско-украинската граница. Како резултат на руската воена агресија, 11 милиони граѓани на украина беа принудени да ги напуштат своите домови и да бараат засолниште, од кои речиси 5 милиони во соседните земји.