26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

Османи: Очекуваме да се усогласат ставовите во Бугарија, не треба да наседнуваме на провокации

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се уште е на констатацијата дека „топката” е во Бугарија и според него таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа што понатаму со процесот меѓу Скопје и Софија.

Ние тоа што го имавме го кажавме на сите средби, дури го формализиравме во различни документи, така што ние не работиме на нешто ново од тоа што досега го разговараме. Очекуваме Република Бугарија да има консолидиран став на Владата по однос на тоа што понатаму со овој процес. За жал, комуникација има, но конкретни разговори, се додека не го слушнеме тој консолидиран став од Бугарија немаме, изјави министерот Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната тематска конференција за Преспа Форум за Дијалог 2022.

Министерот негира дека се подготвуваат или разгледуваат конкретни предлози и теми.

– Мислам дека и тие знаат дека не може процесот да се врзе така директно, односно да се предуслови почетокот на преговори со финализирање на уставните измени, мислам дека има добар предлог на маса кој е компромисен меѓу нивното барање тоа да се заврши пред и нашето барање да биде пред самото членство и мислам дека предлогот што е на маса е добро решение. Мислам дека и во Република Бугарија се свесни за тоа, повеќе мислам дека е прашањето на не консолидирање на ставот таму за да може да се комуницира до нашето МНР, рече Османи.

Прашан да ја коментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека „нема да дозволи македонизам да влезе во ЕУ”, Османи потенцира дека има чинители во Бугарија кои се обидуваат преку провокации и блокади да направиме грешка во последните недели од циклусот.

– Има чинители во Бугарија, не можам конкретно да го апострофирам Радев, кои не само што сакаат блокадата да продолжи, туку по можност вината да е наша пред светот и затоа има обиди за блокада и провокации, за да наседнеме, да направиме грешки во последните недели од овој циклус и ако не само ние, барем да бидеме изедначени на масата пред ЕУ како заеднички виновни. Досега е црно бела состојбата. Република Македонија нема ниту една забелешка од кого било по однос на пристапот во овој процес, сите велат, вклучувајќи ги 26-те на масата завчера, дека топката е во Бугарија, вели Османи.

Според него, многу е важно овие денови и недели да бидеме внимателни да не наседнеме на провокациите кои имаат за цел и да сме блокирани и да сме виновни за тоа.

– Наша цел е да се деблокираме, да изградиме коректни односи со Бугарија, така што ќе продолжиме конструктивно во наредниот период, а таквите провокации ги отфрламе и осудуваме, рече Османи.

Коментирајќи ја изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, дека доколку до 30 јуни Македонија и Албанија не ги почнат преговорите, регионот би можел да влезе во криза, Османи оцени дека „станува збор за криза на кредибилитет”.

– Сите анкети на јавно мислење покажуваат дека довербата дека ЕУ може да стои зад својот збор паѓа на земја, кај нас е падната на 9 отсто. Да не се разбереме погрешно, не е тоа поддршката за членство во ЕУ, таа е висока кај нас. Но, дали тоа што го збори Унијата може да го испорача, граѓаните ја губат довербата, а силата на европската порака е во довербата, потенцира Османи.

ЕУ, вели тој, го трансформираше регионот токму преку кредибилитетот на својата порака.

– Основната формула овие 20 години беше ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Ако се губи довербата во линкот меѓу „вие испорачувате, ние испорачуваме”, тогаш ослабнува влијанието на ЕУ во регионот, а во геополитиката вакуум нема, ако ослабнува едното се зајакнува другото. Без влијание не останува ниту еден регион во геополитиката и затоа Борел и сите се вознемирени бидејќи во засложништво е најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години, а тоа е политиката на проширување. Е таа политика е ставена под заложништво и тука веќе не е само наша битка за европска судбина, туку битка за самата ЕУ, смета Османи.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles