11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Османи открива дека постои документ прифатлив за Македонија, јавноста ќе ги дознае деталите откако ќе одговори Софија

Постои  предлог-докумен за договор со Бугарија, кој е прифатлив за Македонија. Но засега министерот Османи не може да сподели детали. Рано било да ја информира јавноста затоа што договор меѓу двете земји се уште нема. Се чека одговор од   бугарската страна, дали документот е прифатлив и за официјална Софија.

„Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“.

Шефот на дипломатијата потврди дека во сабота бугарскиот  премиер Петков  заедно со потрпетседателката  на Бугарија Илијана Јотова, доаѓа во Битола, но не знае  дали ќе има средба со македонскиот премиер.

Со премиерот Петков договараме да има и официјална средба, но не можам да кажам дали ќе биде премиерот заради здравствената состојба, или некој од министрите на далекуводот Битола – Елбасан, а потоа тие ќе имаат свои ангажмани во Културниот центар во Битола во организација на Амбасадата на Бугарија.

Во случај да не се постигне решение и Македонија да остане блокирана, а во однос на можноста Албанија да се одвои од евроинтегративниот пакет, Османи рече дека ваквата опција на долгорочно не би и одговарала на официјална Тирана.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles