4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Османи на средба со групата „Пријатели на Северна Македонија“ во ЕП 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел учествуваше на средба со Групата „Пријатели на Република Северна Македонија” во Европскиот парламент, на која се осврна на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и земјава и изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европарламентот во процесот на пристапување на државата во ЕУ, рефлектирана преку бројните иницијативи, како и во резолуциите за нашата земја.

Групата „Пријатели на Република Северна Македонија“ е неформална група составена од пратеници во Европскиот парламент од различна политичка провиниенција, која е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на земјава во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нашиот европски пат.

Претседател на оваа група е европратеничката од Словенија, Ирена Јовева.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles