15.5 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Оружјето во Украина не мирува и за време на велигденските празници

Прв Велигден во Украина без вообичаените верски традиции. 

Црквите се или затворени или со симболичен број верници. Литургиите се пренесуваат онлајн. Во западниот град Лавов, нема да се оддржат традиционалните богослужби на полноќ, а локалните власти ги замолија граѓаните да го почитуваат воведениот полициски час.

-Црквата е со вас секогаш и секаде, Црквите не се само објекти, тие се во вашата вера и затоа сакаме да ги потсетиме сите Украинци без разлика каде и да се, ние секогаш ќе бидеме со вас. – Павло Дрождјак – Свештеник од Лавов

На терен пак, почвата не мирува…откако руски генерал изјави дека целта на Русија е целосна контрола над јужна Украина и со тоа, отворање на пристап кон отцепениот молдавскиот регион Придњестровје, Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека руската инвазија врз Украина е само почеток, и дека Москва има планови да заземе и други земји.

Во Мариопол, челичарницата Азовстал се уште останува блокирана, а руското Министерство за одбрана, денеска соопшти дека се подготвени за прекин на огнот за да се овозможи безбедна евакуација на цивилите и борците кои се наоѓаат во градот.

По најавите за евентуално ембарго на рускиот гас и нафта од Европската Унија, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев на телеграм порача дека Европа нема да издржи повеќе од една недела без руските суровини, иако податоците на ММФ говорат дека без нив Европа би издржала најмногу шест месеци.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles