26 C
Struga
Monday, August 15, 2022
spot_img

ОН: Поради руската инвазија, 5 милиони Украинци би избегале во странство

Руската инвазија може да принуди пет милиони Украинци да побегнат во странство, соопшти хуманитарната агенција на ОН.

Најмалку 100.000 луѓе во Украина биле принудени да ги напуштат своите домови откако Русија ја започна инвазијата, а неколку илјади луѓе веќе побегнале во соседните земји како Молдавија, Романија и Полска, изјави портпаролката на Агенцијата за бегалци на ОН, Шабија Манту.

„На пример, меѓу 1 и 3 милиони би можеле да дојдат во Полска, а сценариото што ги вклучува сите други земји е меѓу 1 и 5 милиони“, рече Манту на брифингот на ОН во Женева.

Денеска, украинската престолнина Киев беше ракетирана додека руските сили продолжуваат да напредуваат. Сирени за воздушни напади можеа да се слушнат во тримилионски град. Некои граѓани се засолниле во станиците на метрото.

„Додека разговараме, имаше големи напади во Киев кои предизвикаа голем страв и паника кај граѓаните, а семејствата се многу исплашени и одат со своите деца во метро станиците и засолништата. Ова е застрашувачки момент за децата ширум земјата “, брифираше Афшан Кан, регионален директор на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.

„Сè уште се обидуваме да видиме каква и каде е погодена цивилната инфраструктура во Украина“,додаде .

Кан, исто така, рече дека УНИЦЕФ се фокусира на финансиска помош за семејствата. Таа рече и дека ефектот од западните санкции, кои се применуваат на Русија, ќе се анализира во однос на системот за помош.

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, изјави дека во Украина биле пријавени најмалку 127 цивилни жртви, 25 загинале и 102 се повредени, „предизвикани од гранатирање и воздушни напади“. Таа истакна дека податоците веројатно се значително потценети.

Јарно Хабихт, претставник на СЗО во Украина, преку видео од Киев се обрати и рече дека нема извештаи од болниците, но дека се обидува да ги следи жртвите и потребата од помош.

Приоритет е да се пружи помош на повредените и психичка и психолошка помош, рече тој.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles