23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

ОН: Над 7,7 милиони луѓе се раселени низ Украина 

Повеќе од 7,7 милиони луѓе се раселени низ Украина поради конфликтот со Русија, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Шеесет отсто од раселените се жени, додаваат Обединетите нации. На 5 април, ИОМ процениле дека 7,1 милион се раселени, што значи дека луѓето морале да ги напуштат своите домови, но останале во земјата.

„Посебно се погодени жените и децата, старите лица и лицата со попреченост бидејќи се исклучително ранлива група“, изјави генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино.

Велејќи дека организацијата продолжува да им помага на раселените и ранливите групи, тој оцени дека „хуманитарното примирје е од клучно значење за испораката на помош и пристапот до тешко достапните заедници“.

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари, предизвикувајќи егзодус на милиони луѓе, дома и во странство.

Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштиле Украина.

ИОМ го спроведе своето трето истражување помеѓу 11 и 17 април. Во неделата биле објавени податоци за 7,7 милиони раселени лица.

ИОМ додава дека истражувањето покажува дека 2,77 милиони луѓе се вратиле дома откако биле отсутни од дома најмалку 14 дена.

Иако се вратиле дома, 29 отсто од луѓето мислат дека таму се во опасност. Само 8,5 отсто мислат дека се целосно безбедни.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles