4.3 C
Struga
Tuesday, March 5, 2024
spot_img

Од 181-та владина седница: Проект „50 села, 50 приказни” за социо-економски развој на селата и на руралниот туризам

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за формирање работна група за Реализација на проектот „50 села, 50 приказни” и донесе Решение за формирање на работна група.

Проектот има за цел интегриран рурален развој. Ги таргетира селата со потенцијал за агротуризам, рурален туризам, социо-економски развој, културно наследство. А, очекувањата од проектот се: зголемен број туристи; ревитализација на туристичката инфраструктура  во руралните средини; зголемен број туристички инвестиции во руралните подрачја; промоција на алтернативни форми на туризам како: агротуризам, авантуристички туризам, гастротуризам, етно туризам, екотуризам, ловен туризам и слично; намалување на иселувања од овие рурални места.

Проектот, како што е објаснето од кај предлагачот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, има три развојни компоненти: фокус кон подобрување на јавната инфраструктура; економски развој преку подобрување на туристичкиот потенцијал во руралните средини, поддршка за локални производи и услуги, локални саеми и создавање повеќе работни места и развојот на човечкиот и социјалниот капитал, преку поддршка на рурални мрежи, граѓанското општество, обука на населението за локални водичи, заштитата на културното наследство, обичаите и традициите и руралното живеење.

Главната цел е заинтересираност за развој на туризмот во државата и привлекување македонски граѓани кои емигрирале во странство, да инвестираат во руралниот туризам во своите родни села и на тој начин намалување на иселувањето на младите и креирање зелени работни места.

Временска рамка на проектот е четири години, почнувајќи од оваа година, до 2026 година.

Владата го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Бугарија, Владата на Република Хрватска, Владата на Унгарија, Владата на Република Северна Македонија, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија, Владата на Словачката Република и Владата на Република Словенија, за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, потпишана на 22 февруари 2023 година, во Охрид.

Со Спогодбата, како што е образложено од предлагачот, Министерството за надворешни работи, се утврдува рамка за соработка помеѓу страните потписнички во спроведувањето активности на потрага и спасување во цивилното воздухопловство и се пропишуваат нивните различни одговорности, со цел во целост да се придржуваат кон нивните обврски утврдени во стандардите и препорачаните практики на Меѓународната организација на цивилно воздухопловство – ICAO.
 
Целта на Спогодбата е сите земји потписнички, согласно обврските утврдени во анекс на ICAO, да се обврзат на меѓусебна соработка во спроведувањето активности за потрага и спасување во воздухопловството. Исто така, оваа Спогодба треба да обезбеди правен основ за потпишување билатерални оперативни договори помеѓу службите за потрага и спасување на соседните земји, со цел подобрување на соработката, взаемна помош и порационално користење на расположливите ресурси за потрага и спасување.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles