-4 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Од 152 позитивни брисеви на корона, 104 се „омикрон“

Комисијата за заразни болести не предложено дополнителни мерки за состојбата со Ковид 19. Според Министерството за здравство, во наредните денови ќе се одлучува за предлогот за намалување на времето поминато во изолација на асимптоматските случаи, од 10 на 7 дена и за случаите кои имале контакт со позитивно лице да се намали од 14 на 10 дена. Комисијата ја разгледа можноста и за промена на моделот на настава во второто полугодие од учебната година. одлуката ќе биде донесена врз основа на епидемиолошката состојба пред почетокот на наставата на 20 јануари.

Во меѓувреме, последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 3 до 9 јануари, покажува дека бројот на новозаразени со Ковид 19 е зголемен за 51%, а регистрирани се и 946 реинфекции. Според податоците од болниците, во моментов низ државава се хоспитализирани 351 лице, 41% повеќе во споредба со минатата недела. Од вкупниот број хоспитализирани, 156 се во Скопје.

Исто така, од Институтот за јавно здравје велат дека од 152 позитивни брисеви на корона вирусот, 104 се од типот Омикрон.

Зголемен е и бројот на дневни посети на сите инфективни одделенија во земјава, а само во скопските болници бројот на прегледи надминува 100 пациенти.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles