-5 C
Struga
Monday, January 24, 2022
spot_img

Од први јануари во недела ќе мора да се одмора

Недела станува задолжителен ден за одмор од први јануари. За 92 проценти од работниците од почетокот на следната година овој ден ќе биде ден за одмор. Со 62 гласа „ЗА“ пратениците во Собранието дадоа зелено светло за измени во Законот за работни односи. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка за ова законско решение велејќи дека е дискриминирачко решение и дека не е слушнат гласот на стопанствениците.

„Во Законот набројани е 41 дејности кои нема да можат да го прекинат производствениот процес и недела не може да им биде ден за неделен одмор . Тука се прави дискриминацијата со работниците од овие дејности во однос на другите работници. Како ќе влијаат овие измени врз работниците и компаниите со неговата примена од први 2022, одговорноста ќе ја оставиме само на власта“, рече Ангелина Петкова- пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнис заедницата веќе најави дека измените во Законот ќе ги оспори пред Уставниот суд, бидејќи компаниите ќе претрпат огромни штети.

„Што се однесува на недела неработен ден тука има толку многу неуставни елементи така што дефинитивно ќе се преиспитува уставноста на ова законско решение. Остануваме на ставот дека одредени дејности и индустрии ќе претрпат сериозни загуби и тука не само што нема да се оствари правото на минимална плата, туку нема да може да се оствари правото на работен процес ако не работат во недела“, велеше Даниела Михајловска-Василевска- Стопанска комора.

Ставот на Министерството за труд е дека за недела неработен ден се зборувало неколку месеци и сите можеле навремено да реагираат доколку оваа одлука ќе влијае негативно врз компаниите или работниците.

„Во врска со изјавата на стопанските комори, ве информираме дека подготовката на законското решение недела ден на неделен одмор траеше неколку месеци, период во кој сите засегнати страни имаа можност да излезат со коментари, аргументи и предлози во врска со овој закон, со цел изнаоѓање на најодржливо решение кое ќе одговори на општествените потреби“, наведуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Во недела ќе работат само работниците во 41 дејност каде не може да се прекине производствениот процес. Сите работници кои според Законот ќе треба да работат во недела, ќе им се исплаќа најмалку 50 проценти повисока дневница и ден на неделен одмор кои ќе може да го користат во следните седум дена.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles