23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Одложени денешните преговори Русија- Украина 

Преговорите  меѓу Русија и Украина се одложени, сега во игра за два датума кога тие треба да се одржат. 

Руски Интерфакс и Спутник денеска објавија дека претходно закажаните преговори меѓу руската и украинската делегација во Белорусија се одложени поради „логистички“ причини.

Одложувањето на преговорите уследи по известувањето дека украинската делегација доцнила на местото на средбата. Руските медиуми нагласија дека преговорите не се откажани, туку само одложени. Како датуми на втората рунда преговори, објави Интерфакс, повикувајќи се на неименуван извор, се споменува петок, додека Спутник наведува, повикувајќи се и на неименуван дипломатски извор, дека преговорите би можеле да продолжат подоцна денеска или утре.

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак за новинската агенција Ројтерс изјави дека се водат разговори за одржување дополнителни разговори со Русија и дека е потребна „значајна агенда“. Запрашан за датумот за вториот круг, Подољак рече: Засега се разговара. Потребна е смислена агенда.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles