16.5 C
Struga
Wednesday, May 25, 2022
spot_img

Нуркачи од земјава и региониот го чистат дното на Охридското Езеро

Нуркачи од земјава и од регионот денеска го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад во рамките на проектот „Охрид еко 2022″ во организација на нуркачкиот центар „Амфора”.

 

Акцијата е финансирана од Општина Охрид, со поддршка на лоланиот бизнис сектор.

Претседателот на „Амфора” Јован Секулоски пред почетокот на акцијата информираше дека ќе се чисти езерското дно кај авто кампот „Градиште”, Музејот на вода и Градското пристаниште.

– Најмногу отпад на езерското дно има онаму каде што гравитираат најголем број туристи. Цврст отпад, сите видови градежен шут, лименки, метални предмети, пластика …Најмногу загадено е градското пристаниште, но и сите места каде што се рекреираат туристите, изјави Секулоски.

Забележа дека низ годините состојбата се подобрува, односно дека е подигната свеста и влијанието кон пошироката јавност има ефект.

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков смета дека е недозволиво, како што рече, во овој прекрасен езерски басен за кој научниците тврдат дека е стар околу три милиони години и во кој живеат ендемични видови растителен и животински свет да се исфрла најразличен отпад.

– Затоа е потребно да се организираат повеќе вакви акции, кои може да придонесат за подигање на еколошката свест кај населението за поголема грижа за Охридското Езеро и околината која го опкружува. Охридското Езеро е нашиот најголем бисер, нашата најголема гордост. Ние имаме привилегија да поседуваме една ваква уникатна убавина, која е препознаена и запишана како светско природно наследство и затоа треба да вложиме максимални напори за да ја сочуваме за идните генерации, нагласи Пецаков.

За Мирко Бевења, нуркач од соседна Србија фрлањето отпад во езерото е голема штета. – Треба да се покрене свеста кај луѓето да ја чуваат природата и она што имаат, а ние ќе помогнеме да го извадиме она што несовесните луѓе го оставиле, истакна Бевења.

Хрватскиот нуркач Роберт Калањ не е изненаден од она што се наоѓа на дното од Охридското Езеро, бидејќи со слична состојба се соочувале и со Јадранското море, каде жителите фрлале многу отпад.

Иван Јариќ, пак нуркач од Дубровник смеат дека секој треба да тргне од својот дом и да чисти зад себе. /МИА

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles