-5 C
Struga
Monday, January 24, 2022
spot_img

Нови 435 случаи на ковид-19 и вкупно девет починати

Во изминатите 24 часа регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19 од направени 6.651 тестирање, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје има 214 нови случаи, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по 1

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица: 2 починати лица од Скопје (60г и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г), Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles