Според Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се регистрирани 370 нови случаи со КОВИД-19, 391 излекувани и тројца починати.
Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција.
Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.