17.5 C
Struga
Wednesday, May 25, 2022
spot_img

Новата подваријанта на омикрон се шири забрзано низ Европа, во Данска е доминантна

На северот на Европа, подваријантата на омикрон BA.2 брзо се шири, а денеска е идентификуван и во Австрија.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство го истражува вирусот.Омикронската подваријанта BA.2 ги зафати Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство. Во Данска го потисна основниот сој BA.1 и стана доминантен.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство во петокот го идентификува BA.2 како варијанта под истрага и изјави дека дополнително ќе ја анализира.

Д-р Мира Чанд, директорката на таа агенција, изјави дека природата на вирусите е да еволуираат и мутираат, па затоа е за очекување да се појават нови варијанти.

BA.2 не е означен како варијанта за загриженост.

„Нашиот континуиран геномски надзор ни овозможува да ги откриеме и да процениме дали се значајни“, рече докторката.Во Обединетото Кралство, идентификувани се 53 секвенци на подваријантата BA.2.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство соопштила дека 40 земји пријавиле секвенци BA.2, при што повеќето примероци се пријавени во Данска, по што следат Индија, Велика Британија, Шведска и Сингапур.

Бројот на пациенти со БА.2 субваријанта во Данска рапидно расте. Од вкупниот број на заболени од коронавирус во последната недела од 2021 година, 20 проценти од нив се заразиле со БА.2, а 45 проценти во втората недела од 2022 година.

Андерс Фомсгард, истражувач во данскиот институт за серум Стејтенс, изјави дека нема објаснување за брзиот раст на заразата кај пациентите, додавајќи дека е збунет, но не и загрижен.

„Можеби е поотпорен на имунитетот кај населението, што му овозможува да зарази повеќе. Сè уште не знаеме“, рече Фомсгард.

Оригиналната анализа направена од Институтот не покажала разлика во хоспитализацијата за БА.2 во споредба со БА.1.

Во Австрија е воспоставена и систематска анализа на отпадните води за утврдување на BA.2.

Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон, рече генетичарот Урлих Елинг.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles