19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Новата влада се очекува да почне со работа во средината на јануари

Димитар Ковачевски нема да го искористи максималното време на располагање за формирање на новиот владин кабинет. Ова се информациите што доаѓаат од СДСМ и другите коалициски партии. Се очекува утре да го добие мандатот за формирање на новата влада од претседателот Стево Пендаровски. Ковачевски има рок од 20 дена да предложи нов владин кабинет по преземањето на функцијата, но се очекува тоа да го стори побрзо.

Откако Ковачевски го поднесе предлогот за новиот кабинет, Собранието има рок од 15 дена да расправа за него. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, очекува овој термин да не се искористи максимално.

Промените во структурите на СДСМ ќе донесат промени и во владиниот кабинет. Многу од експонентите на владата во оставка повеќе не се очекува да бидат дел од неговиот иден состав, меѓу нив – Оливер Спасевски, Мила Царовска, Венко Филипче и Радмила Шекеринска.

Дел од ресорите на СДСМ ќе преминат на Алтернатива, а дел ќе се разменат со ДУИ. Алтернатива ќе ги добие Здравство и Образование на ДУИ. ЛДП ќе го преземе земјоделството и се очекува да се зголеми бројот на министри без ресор. Засега ниту едно име не е потврдено од СДСМ.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles