19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Нема предвремени избори, а за укинување на техничката влада треба согласност од четирите најголеми партии, велат од СДСМ

Промената на законот за влада треба да биде усогласено со сите четири најголеми партии во Собранието, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски. Како што додаде тој, за тоа ќе имало доволно време бидејќи следните парламентарни избори ќе се одржеле во 2024 година.

„Сите знаеме дека предвреме ни парламентарни избори нема да има, ќе има редовни, во 2024 година и има време четирите најголеми политички парии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката влада“, рече Митрески.

Прес конференцијата на Митревски следуваше по онаа на неговиот колега од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на која беше објавено дека предлог законот за укинување на техничката влада денеска е доставен до Собранието.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles