6 C
Struga
Sunday, December 4, 2022
spot_img

Нема повеќе ковид протоколи за влез во земјава

По маските „паднаа“ и сертификатите на граница.

 

Ако за празниците патувате надвор од Македонија, и за излез и влез во земјава нема да ви треба ниту сертификат за вакцина или прележан ковид, ниту негативен тест. Владата на вчерашната седница ги усвои препораките и заклучокот на Кризниот штаб, по минатонеделните предлози на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие веќе се стапени на сила.

-Престанува да важи обврската за домашните и странските државјани при влез во земјата задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан ковид 19 во последните 180 денови, ПСР тест не постар од 72 часа или антигенски брз тест не постар од 42 часа. Исто така, во контекст на мерките за заштита од ковид 19, Владата донесе одлука да биде укината и мерката домашнал изолација во времетраење од седум дена за лицата кои при влез во земјава на граничниот премин нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.-Мухамет Хоџа – Портпарол на Влада.

Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести која вообичаено секоја среда дискутира за состојбата, поради стабилната епидемиолошка крива денеска не се состана. Оттаму не ја исклучуваат можноста на наредната средба да предложат укинување на сите останати мерки, ама ако не дојде до раст на кривата на заразени поради помасовните собири за време на верските празници.

Мирната ковид статистика се потврдува и со најновиот изветај на Институтот за јавно здравје. Според него, за седум дена има околу 800 случаи, што е 27% помалку од претходната недела. Картата која ја отсликува ковид состојбата во Македонија е речиси целосно бела, бројот на хоспитализирани е намален на 55, а за една недела регистрирани се само два смртни случаи.

Инаку од ковид мерките се откажуваат се поголем број на земји. Пред една недела ковид сертификатот на границите го укина Бугарија, а Грција размислува тоа да го направи од 2 мај, влезот во Србија за Македонците одамна е без никакви ограничувања.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles