11 C
Struga
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Нема да се поведе постапка за укинување на ковид-сертификатите, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативната поднесена на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест КОВИД-19 и сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со КОВИД-19, врз основа на препораките на СЗО.

И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles