16.5 C
Struga
Wednesday, May 25, 2022
spot_img

На Мариупол му се заканува хуманитарна катастрофа – нема вода, храна, струја и греење 

Повеќе илјади Украинци ги напуштија денеска градовите Суми и Ирпин, откако беше договорен привремен прекин на огнот меѓу Руските окупациони трупи и Украинската војска.

Жените, дечињата и највозрасните жители на северните предградија во поширокиот регион околу Киев се евакуираа денес преку импровизиран пат направен под уништен мост на реката Ирпин.

Додека овие луѓе сега може да се надеваат дека полека ќе се упатат кон западниот дел на Украина и оттаму во некоја од Европските земји, жителите на градот Мариуопол, најзначајниот Украински трговски центар на Азовското море, таква надеж се уште немаат.

На овој град му се заканува првата голема хуманитарна катастрофа од веќе 13-дневната брутална руска инвазија на Украина.

Евентуалното освојување на Мариупол, градот со речиси половина милион жители, на  руските сили ќе им овозможи поврзување по земја со сепаратистите од Истокот. Авионски, тенковски и артилериски оган жестоко го бомбардираат веќе неколку дена.

Ситуацијата е се полоша, дел од безживотните тела на убиените цивили во руската инвазија не може ниту да се отстранат, додека животот во Украинската зима без вода, греење, санитарен систем или телефонски врски ги измачува жителите на Мариупол.

 „НЕМАМЕ СТРУЈА, НЕМАМЕ ШТО ДА ЈАДЕМЕ, НЕМАМЕ ЛЕКОВИ, НЕМАМЕ НИШТО“ – ВЕЛИ ЉУДМИЛА АМЕЛКИНА .

 

„СЕКАДЕ Е МИНИРАНО, ИЗЛЕЗИТЕ ОД ГРАДОТ СЕ ГРАНАТИРААТ. ДО ОВОЈ МИГ, ПРЕГОВОРИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО НАПУШТАЊЕ НА ГРАДОТ НЕ БЕА УСПЕШНИ, ВЕРУВАЈТЕ МИ, ЈАС ИМАМ СЕМЕЈСТВО ВО ГРАДОТ И ЗАГРИЖЕН СУМ ЗА НИВ. ЗА ЖАЛ, НАЈБЕЗБЕДНО ЗА НАС Е ДА БИДЕМЕ ВО ГРАДОТ, ПОД ЗЕМЈА ИЛИ ВО ЗАСОЛНИШТАТА“ – ГИ СОВЕТУВА ПОЛИЦАЕЦ ГРАЃАНИТЕ НА МАРИУПОЛ.

 

„ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ПОД ЗЕМЈА“ –ПРАШУВА ЗАГРИЖЕН ЖИТЕЛ НА ГРАДОТ.

 

„ТОА Е НАЈБЕЗБЕДНО ОД ТОА ШТО ГО ИМАМЕ“ – ОДГОВАРА ПОЛИЦАЕЦОТ.

Според проценките, околу 200 илјади очајни жители на Мариупол, се надеваат дека наскоро ќе можат да се евакуираат.

Живеењето без вода, со се помали резерви храна ги води луѓето до очај, забележани се повеќе инциденти на грабежи во продавниците, во обид да се дојде до неопходните продукти.

Украинската војска апелира до луѓето да останат мирни и да не дозволат паниката да доведе до анархија на улиците на Мариупол

„ЛУЃЕ, ВЕ МОЛАМ БИДЕТЕ ОБЕДИНЕТИ. НЕМА ПОТРЕБА ДА ПАНИЧИТЕ. ВЕ МОЛАМ НЕ КРАДЕТЕ НИШТО. ОВДЕ ЌЕ ЖИВЕЕТЕ ЗАЕДНО. ОВА Е ВАШИОТ ДОМ? ЗОШТО ГИ КРШИТЕ ПРОЗОРЦИТЕ, ЗОШТО КРАДЕТЕ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ?“ – АПЕЛИРА УКРАИНСКИ ВОЈНИК.

 

„ПРВО, ОВА Е ЗА ЖЕНИТЕ, ДЕЦАТА И ПОСТАРИТЕ ЛУЃЕ, ВИЕ МАЖИТЕ МОЖЕ ДА ОДИТЕ И САМИ ДА БАРАТЕ ВОДА“ – ГИ СОВЕТУВА ДРУГ УКРАИНСКИ ВОЈНИК ЖИТЕЛИТЕ.

Ноќите во Мариупол се особено тешки, кога луѓето се обидуваат да ги заштитат своите најблиски, криејќи се во скривниците, со газиени ламби во рацете.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles