19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Намалување на бројот на новозаразени и на хоспитализирани

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаразени од КОВИД-19 е намален 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922  лица.

Тестирани се 19 943, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно 9,6. Најмногу новозаразени има во Скопје.

Намалување на заболени има во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8 отсто). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5 отсто). Според полот, 52,8 отсто од заболените се жени, а 47,2 мажи.

Пријавени се 66 смртни случаи, најмногу (19) во Скопје и од  возрасната група над 60 години (80,3 проценти).

Во минатата недела (13-19 декември) биле регистрирани 36 реинфекции на коронавирусот, а од почетокот на епидемијата вкупно се пријавени 1013 повторени инфекции односно 0,46 отсто од вкупно 221 411 заразени заклучно со 19 декември.

Хоспитализирани се 347 што е за 18,7 отсто помалку од претходната недела. Од нив, 243 се на кислородна поддршка и 12 на механичка вентилација.

Според податоците на ИЈЗ за вчера, регистрирани се 335 нови случаи на КОВИД-19 од 3543 тестирања, од кои 179 во Скопје. Евидентирани беа 515 оздравени пациенти и 13 починати лица. Осум се починати во 24 часа, а пет се со датум на смрт од 26 ноември до 16 декември 2021.  Вкупниот број смртни случаи како последица на коронавирусот достигна 7838. Активни случаи во целата држава има 5182.

Со најновата одлука на германските власти, им се дозволува неограничен влез во Германија на сите државјани на Македонија која повеќе не се смета за „ковид ризична област” во Сојузна Република Германија.

Сепак, како што соопшти Министерството за надворешни работи, сите лица над 12 години кои пристигнуваат во Германија, без разлика со кој вид транспорт, и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles