15 C
Struga
Sunday, July 3, 2022
spot_img

Над 3,5 милиони Украинци побегнаа поради воениот конфликт во Украина

Од почетокот на Руската Инвазија врз Украина над 3,5 милиони Украинци ги напуштиле своите домови.

Најголемиот дел од нив или над 2 милиони Украинци ја преминале границата со Полска, половина милион пристигнале во Романија, а над 350 илјади се наоѓаат во Молдавија. Покрај нив засегнати се речиси сите држави кои граничат со Украина. Голем дел од раселените лица се од ранливите категории.

„Пет коли зад нас беа уништени, незнам како преживеавме, можеби анѓелите не штитеа. Навистина незнам.“

„Мојот сопруг сакаш

е да останам со него, но не можев, имам три сина и мајка.“

Во меѓувреме и Европол предупреди за ризикот украинските бегалци да станат жртви на мрежите за трговија со луѓе во Европска Унија, и ги повика земјите што ги примаат да бидат внимателни. Според Европол, најзагрижувачки се пограничните области, центрите за прифаќање и сместување бегалци и транспортните центри како што се железничките и автобуските станици. Во соопштението се посочува од Украина најчесто бегаат жени и деца кои лесно можат да станат жртви на сексуална експлоатација и принудна работа и да бидат принудени на криминал и питачење.

Главниот уредник на независниот руски весник „Нова Газета“, Димитри Муратов добитник на Нобеловата награда за мир за 2021 ја стави својата награда на аукција со цел да подигне средства за помош на украинските бегалци кои ја напуштаат државата по руската воена инвазија.

Покрај бегалците, Украина се соочува и со внатрешно раселени лица, а според последните податоци од Меѓународната организација за миграција станува збор за над 6,5 милиони жители раселени на украинска територија како резултат на војната.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles