6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

МОН, Општина Струга и претставници на компании утре на состанок ќе креираат политики за унапредување на средното стручно образование 

Министерството за образование и наука  во соработка со Општина Струга утре во Струга ќе одржи состанок со претставници на компании за креирање на програми за средно стручно образование., се со цел истото да биде унапредено и во склад со потребите на компаниите.

-Министерството за образование и наука активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и ќе ја зголеми вработеноста на младите.Мислењето на компаниите и нивните потреби ни е клучно за дизајнирањето на наставните програми. Силно веруваме дека низ овој социјален дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на нив. – информираат од Министерството за образование.Од таму додаваат дека компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми. Со цел да се идентификуваат истите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање на предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование, и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат.На средбата ќе  присуствваат министерот Јетон Шаќири, градоначалници, директори од средни стручни и основни училишта и претставници на меѓународни организации и институции и претставници од платформата за јавен приватен дијалог.Состанокот на кој се поканети сите заинтересирани претставници на компании ќе се одржи во хотел ,,Дрим“ во 11:00 часот.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles