32 C
Struga
Monday, July 15, 2024
spot_img

МОН настојува наставата оваа зима да биде со физичко присуство

Учениците ќе следат настава со физичко присуство и покрај енергетската криза. Министерот за образование Шаќири најави дека остануваат на ставот и прават напори да се овозможи континуирано следење на настава во училниците но и дека во текот на зимата ќе се следи состојбата и одговорното работење на директорите во однос на нивното менаџирање.

Онаму каде има помал број на ученици постои опција да се реорганизираат ,а ќе се пренаменуваат и пари од блок дотации за да има струја за сите училишта вели Шаќири.

Основните и средните училишта на територијата на цела држава ќе бидат префрлени на регулираниот пазар, со цел овие институции да плаќаат поевтина струја од досега, бидејќи беа на слободниот пазар и поради поскапувањето на струјата на европските берзи имаат значително зголемени сметки.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles