19 C
Struga
Wednesday, July 24, 2024
spot_img

Министерството за здравство ќе прави темелна анализа зошто е висока смртноста кај вакцинираните

Каква вакцина примиле починатите кои биле целосно имунизирани, колку време поминало од втората доза и кои коморбидитети се запишани во нивната болничка историја – Сител дознава дека ќе има целосна проверка за големата смртност во земјата кај вакцинирани кои и покрај заштитата ја изгубиле битката со вирусот. Ова прашање прво треба да помине на Комисија за заразни болести најверојатно уште на состанокот во вторник по што министерот за здравство според нашите информации ќе формира работна група со клиничари, епидемиолози, фармаколози и претставници од МАЛМЕД за утврдување на фактите. Согласно нивниот извештај ќе следуваат и мерки – Не е исклучена можноста да има задолжително вакцинирање на постари од 55 или 60 години кои имаат коморбидитети, како што има и во други земји..  

И додека министерот Сали ќе почека на Комисијата, експерти веќе јавно ги поставија овие прашања кои недостасуваат во анализите.

-И има едно друго, немаме  податок каква вакцина примиле имунизираните кои починале..не е исто две дози на фајзер и две дози од кинеските и колку време поминало бидејќи знаеме дека антителата со тек на време бледнеат, вели проф. др. Драган Даниловски, епидемиолог

Инаку спроед статистиката од Министерствтото за здравство, односно, од 19 јануари кога почнаа да објавуваат колку од починатите се целосно вакцинирани..бројките се алармантни. За 19 дена битката со вирусот ја изгубиле 439 пациенти од кои 145 или 33 проценти имале комплетна заштита со вакцини. И друг податок од анализите за овој период е загрижувачки – повеќе од 30 лица се водат како починати во домашни услови.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles