10 C
Struga
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Министерството за здравство не размислува за нови рестриктивни мерки во пресрет на Новата Година

И покрај наближувањето на новогодишните празници и ширењето на сојот Омикрон, здравствените власти нема да бараат воведување дополнителни рестриктивни мерки. Иако туристичките градови во земјава нудат бројни аранжмани за крајот на годината како и кафулињата и рестораните, министерот за здравство вели дека не очекува прославите за Нова Година да донесат влошување на епидемиолошката состојба.

Во однос на процесот на вакцинација, Филипче истакна дека освен благите ефекти без сериозни последици, нема причина вакцинацијата да не ја примат граѓаните, вклучително и оние од помладата возраст.

Последната анализа на Министерството за здравство ја нагласува важноста од вакцинирање на населението, како единствено решение за надминување на кризата со пандемијата. Во рамките на анализата се забележува дека 67% од позитивните случаи со Ковид 19, кои биле дијагностицирани од август до средината на декември, биле невакцинирани. 98% од хоспитализираните лица се невакцинирани, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани се целосно вакцинирани. Дури и смртноста, според анализите кај невакцинираните лица е драстично повисока отколку кај лицата имунизирани против Ковид 19.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles