20 C
Struga
Sunday, August 14, 2022
spot_img

Мерката за замрзнување на цените продолжува и во февруари 

Замрзнатите цени на основните прехранбени производи ќе продолжат да важат до крајот на месец февруари. Ова за Алсат го потврдува министерот за економија Крешник Бектеши, кој вели дека одлуката е веќе донесена и истата ќе биде предложена до Владата на разгледување. Замрзнатите цени ќе важат за истите производи кој во декември со одлука на Владата беше одлучено да останат непроменети.

„Денеска секторот за трговија во Министерството за економија донесе одлука каде што ќе предложиме до Владата да продолжи важењето на претходната одлука за замрзнување на цените до крајот на февруари, што значи дека како министерство за економија предлагаме одлука за продолжување на мерката за замрзнување на основните прехранбени производи истите што беа во месец декември“, изјави Крешник Бектеши- Министер за економија.

Ова би значело дека и во месец февруари цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, свежото месо, сувомеснатите производи, сирењето, урдата, јајцата, оризот и тестенините ќе останат исти. Одлуката за замрзнување на цените на производите, Владата ја донесе во декември откако Државниот завод за статистика секој месец забележуваше раст на цените на производите. 

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles