-4 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

МВР со засилени контроли во справување со пиротехничките средства

Владата преку Министерството за внатрешни работи превзема мерки за справување со пиротехничките средства, а само во последните неколку дена се запленети над 30.000 парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. МВР со засилени контроли и за новогодишните празници.

Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за превентивните мерки за справување со пиротехнички средства. Арсовски потсети и на казните предвидени за прекршување на јавниот ред и мир.

-Паралелно Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства. Во оваа прилика само потсетуваме на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир којшто во член 31 предвидува глоба во износ 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној којшто неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, информираше Арсовски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles