27 C
Struga
Thursday, July 25, 2024
spot_img

Пет дилери, меѓу кои и наставничка од основно училиште во Скопје се приведени во синоќешната голема полициска акција во која е откриена Лабораторија за произведство на амфетамин. 

Наставничката, како што информираат од МБВР, била дел од улична група дилери кои подолго време дилале на скопските улици, но дека продавала надвор од работното време. При претресите, кои биле извршени на седум локации во главниот град пронајдени се наркотични средства во износ од околу половина милион евра.

-Вчера екипи на МВР извршија претреси на седум локации во скопје, при што приведени се 5 лица, пронајдена е лабораторија за производство на дрога, како и дрога вредна скоро половина милион евра, доколку биде продавана преку уличните дилери. Пронајдени се околу 7 килограми амфетамин, еден килограм кокаин, 22 килограми марихуана, автоматска пушка калашников, куршуми, рамки за пиштоли и автоматска пушка како и списоци од лица кои купувале дрога и должеле за наплата на дрогата. Приведените лица имале изнајмени станови во центарот на Скопје, како и населбата Ѓорче Петров и сите се од главниот град, рече Тони Ангеловски, портпаролот на МВР.

Освен во Скопје, МВР спроведува полициски акции и низ градовите од внатрешноста. Само оваа недела извршени се 36 претреси, а приведени 32 лица. Троојца улични дилери пак веќе одговараат кривично, откако биле уапсени изминатите два месеци при спроведено криминалистичко истражување по наредба на Јавен обвинител од скопското обвинителство.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles