18.9 C
Struga
Sunday, June 23, 2024
spot_img

Марфи: Одлуките на пратениците за уставните измени ќе влијаат врз вашите односи со САД

Од исходот на процесот на уставни измени ќе зависат и идните односи со САД – порача американскиот сенатор од редот на демократите, Крис Марфи кој денеска е во посета на земја.

По средбата со премиерот Ковачевски, Марфи истакна САД ќе останат партнери и сојузници на земјава, но дека процесот на промената на уставот, кој го нарече техничко прашање, се следи со големо внимание. Ги повика властите во земјава и пратениците да продолжат на патот кон Европската Унија, и оцни дека секој поинаков чекор би бил загрижувачки за земја членка на НАТО.

-Сакам да бидам јасен, за влијанието врз односите со САД доколку Македонија се одлучи за поинаков пат. Доколку, одлучи против овие уставни измени и се оддалечи од патот кон ЕУ, би било загрижувачки за НАТО земја, земја која ние сме се обврзале да ја браниме врз основа на нашите заеднички вредности, да го сврти грбот на ЕУ. Ние сме пријатели, ние никогаш нема да престанеме да бидеме пријатели и партнери. Но, луѓето во САД, лидерите во САД ги следат одлуките кои ќе бидат направени тука во следните месеци. – Крис Марфи – Американски сенатор од Конектикат.

Според американскиот сенатор, поради војната во Украина, ЕУ е повторно заинтересиран за проширувањето што мора да се искористи. Марфи посочи и дека ги разбира дилемите во земјава, но додаде дека истите биле поставувани и за членството во НАТО. Во изјавата по средбата, премиерот Ковачевски повтори дека претстои период на, како што ги нарече, храбри одлуки и додаде дека важно е што Македонија во тој поглед ја има поддршката од САД. Порача дека потребно е граѓаните да имаат повисок стандард од соседите како во времето на поранешна Југославија

-Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме поголем стандард и од Словачка, и од Чешка, и од Романија, и од Полска, и од Бугарија, и од сите земји кои стана земји членки на Европската унија. Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои што ќе обезбедат граѓаните на Македонија повторно да имаат поголем стандард од сите граѓани од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат , истакна – Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.

Покрај со Ковачевски, американскиот сенатор се сретна и со Претседателот Пендаровски, каде како што соопштија од Вила Водно, исто така станало збор за македонските евроинтеграции, а Претседателот се заблагодарил за досегашната поддршка од САД.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles